Медведев: Му се воодушевувам на Надал, тој е идеален човек!

Данил Медведев кој е прв носител и благ фаворит во финалето на тенискиот Австралијан опен, мисли дека неговиот противник во неделното финале, Рафаел Надал, е идеален човек.

Русинот се воодушевува на менталната сила на Шпанецот.

„Сите ја знаеме животната филозофија на Рафа. Не знам дали можете да го наречете така, но тој изгледа е идеален човек. Кога го прашуваат зошто никогаш не крши рекети, тој вели дека така бил воспитан од чичко му Тони, кога бил дете. Тешко е да се контролира човек како него. Многу од моите пријатели, додека играат тенис, кога се гневни, кршат рекети. Рафа е психолошки неверојатен“ – изјави Медведев кој со победа над Надал ќе стане нов лидер на АТП листата и прв тенисер во историјата кој после првата освоена грен-слем титула, веднаш на наредниот голем турнир ја освоил и втората.

- Оглас -

Најнови вести