25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Медведев направи хаос со недоличното однесување и потоа беше елиминиран од ОП на САД (Видео)

На почетокот од Отвореното првенство на САД, главната приказна е рускиот тенисер Данил Медведев, кој доби неверојатни критики за својот срамен настап бидејќи многумина не можеа да поверуваат што направи за време на натпреварот, но на крајот заслужено загуби од Бенџамин Бонци.

Французинот го надигра фаворитот и го испрати дома победувајќи го со 3:2 во сетови. Сепак, Медведев не можеше спортски да го прифати поразот и направи хаос во финишот на мечот.

Во третиот сет, Бонци водеше со 5:4 и ја имаше првата меч-топка на свој сервис. Французинот не го погоди првиот сервис, но еден фотограф мислеше дека тоа е добра топка и дека мечот заврши, па влезе на теренот.

Јасно беше дека фотографот направи грешка, но потоа започна драмата. Судијата го врати првиот сервис на Бонци, што наиде на остра реакција кај Медведев. Русинот веднаш замина кај судијата и почна вербално да го навредува. Потоа Медведев буквално како да ја загуби контролата.

„Дали си ти човек? Дали си човек? Зошто се тресеш, што ти е? Овој човек сака да си оди. Тој е платен по меч, а не по час. Па што правите?“, викаше Медведев кон главниот судија.

Но, потоа публиката реши да му свири на Медведев поради неговото недолично однесување, па Русинот дополнително збесна.

Прекинот траеше речиси шест минути, па Бонци целосно ја загуби концентрацијата. Медведев ги доби следните 10 гема и израмни на 2:2 во сетови. Сепак, во решавачкиот петти сет Бонци успеа на неверојатен начин да се врати и го доби решавачкиот петти сет со 6:4.

 

- Оглас -

Најнови вести