Мегабомба во најава, таткото на Меси ќе се сретне со претседателот на Ал-Хилал!

Најголемиот саудиски фудбалски клуб, Ал-Хилал, не успеа да го донесе Кристијано Роналдо, кој ќе остане во Ал-Наср, па среќата ќе ја проба со обид за ангажирање на Лионел Меси.

Арапите не прашуваат колку чини кога ќе нападнат некого. А, сега го нападнале капиталецот над капиталците, еден од најдобрите на сите времиња.

Како што објавува весникот „Ал Мидан“, зад сцената на Светското клупско првенство, таткото на Меси, Хорхе, ќе се сретне со раководството на Ал-Хилал. Договорот на 38-годишниот Аргентинец со Интер од Мајами истекува во декември, преговорите за продолжување се закочени и веќе не делува сигурно дека Меси останува, иако така изгледаше до пред некој месец.

Поминаа две години откако Меси пристигна во Интер Мајами, во овој период тој одигра 62 натпревари, постигна 50 гола и запиша 24 асистенции.

Сезоната во САД завршува во октомври, што значи дека Меси околу половина година би немал официјални мечеви, што е проблем за него бидејќи сака да биде на максимум следното лето, кога ќе ја предводи Аргентина во одбрана на светската титула.

Таткото и агент на Меси, и во 2023 година имаше разговори со Ал-Хилал, но Лео замина во Интер, пресуди желбата на неговото семејство да живее во САД, и тоа во Флорида, каде што речиси зборуваат шпански.

Ако реши да замине од Мајами, тука се Саудијците, кои го чекаат со раширени раце и богат чек со плата како таа на Роналдо, која изнесува 180 милиони евра годишно, можеби и поголема.

- Оглас -

Најнови вести