Мегаплан на Босанците: Сараево домаќин на ЗОИ во 2030 година заедно со Барселона! (Фото)

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, во веќе далечната 1984 година, беше домаќин на Зимски олимписки игри, а во БиХ се појавија амбиции повторно да го кандидираат Сараево, и тоа заедно со Барселона, за ЗОИ во 2030 година!

Од олимпискиот комитет на БиХ потврдија дека во Пекинг имале разговори со колегите од Шпанија.

Засега ова е само идеја, но нема да биде сензација ако во наредниот период се случи и официјална пријава и кандидатура. Планот е 25 отсто од натпреварите да се одржуваат во Сараево, и тоа во ски-скокови, санкање, скелетон, крос-кантри трките и нордиска комбинација.

Познато е дека дел од борилиштата (како патеката за боб санкање или скокалниците) во Сараево се руинирани, уништени, цели обраснати со трева или слично, па ќе треба многу пари за реновирање.

Барселона во 1992 беше домаќин на Летните олимписки игри. Во 2026 година ЗОИ ќе се одржат во Италија, па тешко дека двапати по ред ИОК ќе додели зимска олимпијада во Европа, но идејата е интересна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести