Мега популарен е драфтот во НФЛ – Донесе донации од фантастични 100 милиони долари

Националната фудбалска лига во Америка е исклучително популарна, а тоа се докажа и со акцијата за собирање на парична помош во битката со Ковид-19.

Додека траеше популарниот драфт на играчи и тоа виртуелно, истовремено одеше и акцијата “Draft A-Thon“ што на крајот успеа да создаде фонд од 100 милиони долари.

Парите ќе бидат искористени во хумани цели, за справување со кризата со Коронавирус, а објавено е и кои здравствени и хуманитарни организации ќе ги добијат парите.

Соединетите американски држави се меѓу најпогодените пет земји со Коронавирусот според бројот на заразени и починати луѓе од таканарчениот Ковид-19.

 

- Оглас -

Најнови вести