Мега сензација во најава: Роналдо ќе игра во ЛШ на УЕФА и тоа во дресот на Ал Наср?

Италијанскиот портал Калчомеркато објави дека УЕФА за сезоната 2024/2025 може да покани два клуба од Саудиска Арабија да играат во Лигата на шампионите.

Саудиските клубови би играле со специјална покана, популарната вајлд-карта, која често се доделува во тенисот за турнирите низ светот.

Во последните месеци, клубовите во Саудиска Арабија потрошија многу пари и се засилија со ѕвезди од европскиот фудбал. Ал Наср на Кристијано Роналдо и Ал Итихад на Карим Бензема се фаворити за добивање на специјалните покани од УЕФА.

Инаку, од есента 2024 година, дефинитивно се менува форматот на ЛШ, сите 36 тимови ќе бидат во иста група, а секој тим во првата фаза ќе игра осум меча (четири дома и четири на гости) против осум различни ривали. Првите осум на табелата ќе продолжат директно во елиминациската фаза, а тимовите од 9 до 24 место, ќе играат плејоф за пополнување на останатите места во елиминациите.

Ако се вклучат и два тима од Саудиска Арабија, УЕФА може да го промени планот и наместо 36, во ЛШ да има 38 тима.

- Оглас -

Најнови вести