Додека фановите ја чекаат мајсторката за титула, денот во НБА почна со вест за договорена размена на играчи помеѓу Феникс санс и Хјустон рокетс, со која мега ѕвездата Кевин Дурант преоѓа во редовите на Ракетите од Тексас.
Сонцата ги добиваат Дилон Брукс и Џејлен Грин кои беа стартери во Хјустон, како и десеттиот пик на годинешниот драфт.
Оваа трампа ќе стане официјална најрано на 6-ти јули, поради рестрикциите в правилата на лигата во врска со продолжувањето на договорот со дебитантот Грин во октомври.
Дурант неодамна изјави дека ако си оди од Феникс, ги прешол само во три тима, од кои едниот беше Хјустон, а сериозна опција беше и Мајами. Во Рокетс, тој ќе игра со ѕвездите во подем Алперен Шенѓун и Ејмен Томпсон. Иако не е во форма како кога беше МВП на лигата, сепак Дурант и на 36 години уште е одличен играч кој сезонава имаше просек од 26,6 поени, 6 скока и 4 асистенции по меч.