Мега трансфер во најава: Кјеза си оди од Јуве, следна дестинација му е Рим!

Италијанскиот репрезентативец Федерико Кјеза летово би можел да го напушти Јувентус и да потпише за Рома, најавуваат италијански медиуми.

Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, сака да го види Кјеза во својот тим. Договорот на Кјеза со Јуве му истекува во летото 2025 година, а заглавени се преговорите за нов договор, па Старата дама секако би сакала да го продаде летово, отколку Кјеза да си замине бесплатно следното лето.

Под водство на тренерот Масимилијано Алегри, 26-годишниот Кјеза е далеку од својата најдобра форма. Сезонава на 30 меча, крилниот напаѓач има 8 голови.

Во Рим веруваат дека Волчицата без проблем може да одговори на финансиските барања на Јуве и Кјеза. Старата дама и прифатила било каква отштета која е поголема од 15 милиони евра. Платата на Кјеза од 5 милиони евра им е прифатлива, со оглед на тоа дека летово позајмениот Ромелу Лукаку ќе се врати во Челзи.

- Оглас -

Најнови вести