Мегатрансфер во најава? Ван Дајк по поразот се сретна со шефовите на ПСЖ (Видео)

Холандскиот дефанзивец и капитен на Ливерпул, Вирџил ван Дијк (33), беше фатен на камера како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, и со спортскиот директор на парискиот клуб, Луис Кампос, во поттрибинскиот простор на „Енфилд“ по победата на ПСЖ над Ливерпул во пенал-рулетот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Договорот на Ван Дајк со Црвените истекува летово, па има право директно да преговара со која било екипа.

ПСЖ е меѓу главните претенденти за потписот на Вирџил како слободен играч, но интерес за него има и од други европски гиганти. Синоќа челниците на Светците не губеа време, веднаш по мечот му пристапија, а Ван Дајк рече дека нема ништо ново на оваа тема.

„Сè уште немам поим. Навистина. Продолжувам да го кажувам истото, во моментов не знам каде ќе играм следната сезона. Ако некој ви каже дека знае каде ќе бидам, ве лаже во лице“, изјави Ван Дајк, кој го пофали ПСЖ дека е најдобриот тим против кого играле оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести