Мегваер направи глупост, Манчестер јунајтед остана без победа (Видео)

Манчестер јунајтед освои само бод на гостувањето кај Борнмут, иако двапати имаше водство. Бруно Фернандеш од пенал во 61-вата минута ги донесе „црвените ѓаволи“ во водство од 0-1, но само шест минути подоцна домашните израмнија преку Рајан Чарли.

Во 71-вата минута Хил си постигна автогол по корнерот на Бруно Фернандеш, но радоста на Манчестер јунајтед траеше само десеттина минути.

Хари Мегваер во 78-мата минута неспретно интервенираше во сопствениот шеснаесетник, па заработи директен црвен картон, а Ели-Џуниор Крупи од пенал ги постави конечните 2-2.

„Црвените ѓаволи“ со 55 бода остануваат на третата позиција со шест бода помалку од второпласираниот Манчестер сити, но и плус четири во однос на Астон вила.

- Оглас -

Најнови вести