Мејведер повторно влегува во рингот, и тоа против 18 години помлад ривал кој не е боксер

Поранешниот американски боксерски шампион Флојд Мејведер потврди дека повторно ќе се врати во рингот. Мејведер, кој има 43 години, ќе ги вкрсти ракавиците со 25-годишниот Логин Пол, кој е познат јутјубер, во„специјален егзибициски меч“.

Мејведер ја заврши кариерата со неверојатен биланс од 50 победи и ниту еден пораз, а последен пат во рингот беше во 2017 година, кога го победи ММА борецот Конор Мекрегор. Тоа беше еден од највредните борби во историјата на биксот гледано од финансиски аспект.

Овојпат ривал на шампионот ќе му биде популарниот јутјубер кој еднаш веќе боксувал. Пол има еден меч од 2019 година, и тоа против уште еден јутјубер наречен КСИ. Во изминативе неколку месеци се шпекулираше дека Мејведер ќе се врати во рингот затоа што Пол неколку пати во своите видеоклипови го предизвикуваше непобедливиот шампион. Борбата е закажана за 20 февруари следната година.

Само пред 10-тина дена, помладиот брат на Логин, Џејк Пол, кој исто така е јутјубер, боксуваше во рингот против некогашниот НБА-кошаркар Нејт Робинсон и успеа да победи со спектакуларен нокаут. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести