Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер наскоро ќе наполни 46 години, но продолжува со шоуто во рингот. Мејведер, кој ја заврши професионалната кариера со перфектен биланс од 50 победи и ниту еден пораз, сега учествува во егзибициски борби и повторно прави шоу.
Мејведер овојпат влезе во рингот за да се бори со популарниот јутјубер Дејли Олатунџи и прославениот борец буквално како сам да реши дека оваа борба ќе трае шест рунди, а потоа реши со неколку силни удари да го нападне противникот, по што мораше да реагира судијата и да ја прекине борбата.
https://twitter.com/i/status/1591924376404103168
Мејведер во првите пет рунди приреди вистинско шоу за публиката. Танцуваше во рингот, а со противникот си играше како да е игра на „мачка со глушец“. Едноставно, јутјуберот не беше дораснат за му парира на 46-годишниот борец.