Играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер, ја нарече Премиер лигата најтешкo натпреварување.
„Се согласувам со зборовите на Гвардиола за Премиер лигата. Според мене, тоа е најтешко натпреварување во светот. Потешко е да се освои трофејот на Премиер лигата отколку Лигата на шампионите. Премиер лигата трае девет месеци. Ментално, физички, емоционално… Тоа едноставно е убиство. Погледнете го Салах, на пример. Немате поим колку труд вложува за да остане на врвот на оваа лига“, напиша Аргентинецот од Ливерпул во колумна за The Players’ Tribune.
Ливерпул, кој минатата сезона беше англиски првак, и сега е фаворит за титулата во Премиер лигата, а одбраната ја почнува вечерва против Борнмут.