Објавата на Конор Мекрегор на „Твитер“ во која прашува дали всушност австралискиот борец Волкановски е Полјак, разгоре дебата кај него на профилот.
Многумина му порачаа на Конор дека Волкановски има потекло од Македонија и дека требало да го знае тоа, многу Австралијци се гордеат со него и велат дека е чист „кенгур“, а има и Грци и Бугари кои контрираат со провокации од типот дека Македонија е нивна. На Ирецот му се објаснува и дека не сите презимиња кои завршуваат на „ски“ се полски или белоруски.
Волкановски никогаш не криел дека има македонско потекло, некогаш позира со македонско знаме, а татко му е роден во село Беранци во близина на Битола. Неодамна Волкановски се фотографираше и со македонски пејачи.
Интересно е што во коментарите има и едно видео од Тик-Ток во кое Александар Велики самиот кажува од каде потекнува.
„Мојот татко е Македонец, Волкановски е македонско презиме. Мојата мајка е Гркинка, моминското презиме ѝ е Калменидис. Значи, татко Македонец, мајка Гркинка“, вели големиот УФЦ шампион во перолесна категорија.
@byzantine.crusader9 Reply to @rickgrimes169 #volkanovski #australia #greece #fyp #ellada #hella