Конор Мекгрегор: Оној Волкановски е Полјак? (Фото)

Борецот Александар Волкановски кој настапува под австралиско знаме, има македонско потекло (татко му е од Македонија), рано утрово во Лас Вегас потврди дека е број 1 во моментов во перолесна категорија, а после неговиот триумф над Јаир Родригес, се јави и легендата Конор Мекгрегор кој е познат како провокатор и остар на јазик.

Мекгрегор не го сака многу Волкановски, и во минатото го има потценувано и навредувано, а утрово Ирецот се јави преку Твитер со прашање: „Она момче Волконовски е Полјак?“

Не само што не му го погоди точно презимето, туку ја утна и земјата на потеклото. Има луѓе кои знаат зошто Александар има словенско презиме и го подучија Конор дека не е Полјак туку Македонец.

- Оглас -

Најнови вести