Мекгрегор се опамети, го нокаутираа и веќе не се заканува

Прославениот ирски борец Конор Мекгрегор беше нокаутиран и загуби од Дастин Појре, во УФЦ борбата која утрово се одржа во Абу Даби. Пред мечот Мекгрегор беше голем фаворит, но Американецот покажа дека не се плаши и успеа набрзина да го добие мечот.

Појре порача дека тој е најдобар Ултимејт фајт борец на светот, а Мекгрегор веќе не е толку воинствен и испрати порака на Твитер.

„Ова не беше моја ноќ, или утро, но се радувам што се вратив во октагонот. Возбудливо е да си дел од вакви блокбастер мечеви. Дастин е пеколно добар борец и немам на што да се пожалам. Ви благодарам на сите“, напиша Мекгрегор.

Ирецот беше многу повоинствен по поразот од Хабиб Нурмагомедов, кој се повлече, а исто така го нокаутира Конор во најгледната УФЦ борба на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести