Џон Мекинро: Ѓоковиќ ќе победи со 3:1 во сетови против Федерер

Светскиот рекет број 1 против најдобриот во историјата на Вимблдон. Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер Тоа е финалето кое утре од 15 часот ќе започне на Централниот терен на неофицијалното светско тениско првенство. Досега овие двајца тенисери на Вимблдон играле три пати.

Федерер се радувал во единственото полуфинале, а Ѓоковиќ се радувал во финалињата во 2014 и 2015 година. Легендарниот Џон Мекинро кој во минатото бил шампион на Вимблдон, сега како стручен коментатор вели дека Србинот е голем фаворит во финалето.

„Верувале или не, покрај тоа што Федерер игра сјајно, во финалето ќе мора за неколку степени да го подигне нивото на игра, ако сака да има шанса да го победи Ѓоковиќ. Тенисот кој го игра Новак е еднаков како против човечки жив ѕид“, вели Мекинро.

Во својата анализа Џон открива дека Федерер во полуфиналето го победил Надал, бидејќи Шпанецот буквално „му подарил“ многу простор за игра. „Рафа го потурна Роџер во финалето. Му остави многу голем непокриен простор на теренот. Новак тоа нема да му го дозволи. Мислам дека Роџер го очекува многу тешка задача во финалето. Но, дали може Федерер сепак да победи? Секако дека може. Осум пати го има подигнато пехарот. Сепак, мојата прогноза е дека Ѓоковиќ ќе победи во меч кој ќе има четири сета“, заврши Мекинро во анализата за утрешното финале на Вимблдон.

 

- Оглас -

Најнови вести