Менаџерот на Антони ги нападна Манчестер јунајтед и Рубен Аморим

Бразилскиот интернационалец, Антони, во 2022 година беше купен од Манчестер јунајтед за 95 милиони евра од Ајакс, но на „Олд Трафорд“ не покажа ништо од она што се очекуваше од него. Тој воопшто не беше дел од плановите на новиот тренер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, па беше испратен на позајмица во Бетис, каде буквално експлодира и се промовира како најдобар фудбалер на екипата и еден од најдобрите во Ла Лига.

„Вистината е дека откако пристигна во Бетис, Антони стана еден од најдобрите играчи во екипата и во самото првенство, демонстрирајќи го сиот свој потенцијал, кога ќе му бидат дадени соодветни услови да ја развие својата игра. Ова значи дека проблемот не бил во него, туку во начинот на кој се управува Манчестер јунајтед. Многу фудбалери кои не напредуваат во Јунајтед, наоѓаат успех во други екипи, што нѐ тера да се запрашаме дали проблемот е навистина во играчите. Вистината е дека таму Антони не доволно довореба и минутажа. Го почитувам мислењето на Рубен Аморим, но не се согласувам со неговата анализа. Да се припише недостатокот на успех на Ентони во Јунајтед само на неговата физичка подготвеност е многу површен аргумент и не ја одразува реалноста.“ – рече Жуниор Педросо, менаџер на Антони.

- Оглас -

Најнови вести