Мендеш му се налути на Јунајтед: Дајте цена, треба да го продадам Роналдо!

Кристијано Роналдо речиси сигурно нема да остане во Манчестер јунајтед во новата сезона. Португалецот не сака да игра во тим кој не е дел од Лигата на шампионите, па сега се бара нова средина за рекордерот по бројот на постигнати погодоци во елитната лига на Европа.

Агентот Жорж Мендеш, кој го застапува Роналдо, упатил директна порака до челниците на Манчестер јунајтед, а тоа е да се формира цена која би ја барале за проджба на Португалецот.

Мендеш открил дека има клуб кој сериозно е заинтересиран да го купи Роналдо, но потребно е да се има сумата која Црвените ѓаволи би ја барале за откуп на договорот. Роналдо има договор со Манчестер на уште една сезона.

Шпекулациите се дека Роналдо може да се врати во Спортинг, клубот од каде што ја започна блескавата кариера пред две децении. Гигантот од Лисабон има обезбедено место во групната фаза од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести