Денеска во хотелот „Александар палас“ во Скопје се одржа работилница организирана од ФИФПро, односно Синдикатот на професионалните фудбалери, во организација на неговиот претседателот, Панче Ќумбев.
Темата беше „Менталното здравје на професионалните фудбалери“. На оваа работилница говореа Деканот на Факултетот за Физичка култура, професор-доктор Ленче Алексовска-Величковска, потоа и Небојша Марковски од Центарот за едукација на тренери при ФФМ, професорот на факултетот за физичка култура и тренер на Работнички, Жикица Тасевски, доктор Михајло Ивановски и гостинот од Србија, Мирко Поледица, кој е претседател на Синдикатот на професионалните фудбалери на Србија.
Организацијата беше одлична, а имаше еминентни гости, поранешни познати фудбалери и активни играчи, најмногу од Работнички, Шкендија, Ренова и Академија Пандев.