Мерак за типување на Рома, Баерн и Барселона

Џенова – Рома (18 ч.)

Тимот на Горан Пандев грчевито се бори за опстанок, додека Рома е тим од горниот дел од табелата. Гостите ќе бидат без суспендираните Флоренци и Коларов, додека Запакоста е повреден. Кристито ќе недостасува кај Џенова, која дома не смее да губи бодови ако сака да се надева на опстанок.

Традицијата ќе ја истористиме за овој тип, а таа вели дека на последните шест меѓусебни средби, двата тима давале барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.76)

 

Херта – Баерн Минхен (15:30 ч.)

Херта е традиционално тежок противник на најтрофејниот германски клуб. Баерн сезонава дома киксираше со овој ривал и одигра само 2:2, а интересно е што во последните седум меча на овие екипи, баварците се радувале само еднаш дури пет пати било нерешено.

Тимот од Берлин пред своите навивачи сезонава има само три победи во осум дуели, што треба да даде надеж за Баерн дека може да ги освои трите бода.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.12)

 

Барселона – Гранада (21 ч.)

Се освен победа на домаќините ќе биде чудо. Сепак не треба да се заборави дека Гранада сезонава со 2:0 ја победи Барселона на свој терен, што значи дека чудата се случуваат. Проблем за Барселона ќе биде што ќе нема тројца од стартната постава. Луис Саурес е загубен за цела сезона, Де Јонг е суспендиран поради црвен картон, а повреден е и Дембеле.

Сепак, кога е Меси на теренот, Барселона знае да направи шоу, па може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 2+ I & 2+ II (3.30)

 

Барнли – Лестер (15 ч.)

Лестер има мотив со победа да го стигне Манчестер сити на второто место на табелата во Премиер лигата. БАрнли е во очајна низа од четири порази. Интересно е што Барнли, заедно со Ливерпул се единствените два тима кои немаат реми на домашен терен. И Лестер ретко игра нерешено, па во 11 гостувања само еднаш освоил бод.

Барнли ја има четвртата најслаба одбрана, а Лестер е со трет најдобар напад, па тоа е препорака за погодоци.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

Бешикташ – Сиваспор (17 ч.)

Делува малку чудно, но Сиваспор е лидер во Турција и има дури седум бода повеќе од гигантот од Босфорот. Отворена игра со многу голови (просек повеќе од два на меч) е главниот адут за лидерот Сиваспор. Бешикташ сезонава дома има само еден пораз во девет меча и сигурно ќе сака да се реваншира за убедливиот пораз на стартот од сезонава кога загуби со 3:0 на гости кај Сиваспор.

Традицијата вели дека на последните шест меѓусебни средби секогаш имало барем по три гола, а нерешено немало во 10 дуели.

Предлог тип: 1&3+ (2.60)

 

- Оглас -

Најнови вести