31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Мерет го спаси Наполи, му го одбрани пеналот на Жиру (Видео)

Наполи доминира во првите 20 минути од четвртфиналниот реванш-дуел во Лигата на шампионите против Милан, но херој на досегашниот дел од мечот е голманот на домашниот тим, Алекс Мерет.

По невнимателниот старт на Марио Руи над Рафаел Леао, судијата Марчињак досуди пенал за Милан, но Мерет не дозволи шок на „Диего Марадона“ и успеа да му го одбрани пеналот.

Ова е само втор нереализиран удар од белата точка на Оливие Жиру во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести