Мертенс го дочека голот за историја – Белгиецот е рекордер на Наполи (Видео)

Дрис Мертенс успеа да израмни на 1:1 против Интер во реванш полуфиналето во Купот на Италија и со погодокот во 41. минута, сега е рекордер со најмногу голови во историјата на Наполи.

Белгиецот ја искористи асистенцијата на Инсиње и го постигна 122. погодок во дресот на тимот од Неапол, со што го остави зад себе Марек Хамшик, кој 121. пат ја тресеше мрежата на ривалите како играч на Наполи.

Трет на вечната листа е легендарниот Диего Армандо Марадона со 115 голови за Наполи.

Претходно, Ериксен постигна фантастичен погодок директно од корнер.

Наполи победи на првиот меч во Милано со 1:0 и му останува уште едно полувреме до пласман во финалето на Копа Италија и меч за пехарот против Јувентус.

Финалето е закажано за 17. јуни на „Олимпико“ во Рим.

- Оглас -

Најнови вести