Ривалите не му можат ништо на маестралниот Меси, неповикан гостин го збуни за потпис (Видео)

Лионел Меси одигра маестрална партија фудбал и со два гола беше главен креатор на победата на Аргентина со 3:0 против Јамајка.

Ривалите не му можеа ништо на фудбалскиот волшебник, а најмногу го збуни навивач кој влета на теренот и побара од Меси да му се потпише на голиот грб.

Лео беше збунет и почна да се потпишува, но не успеа докрај бидејќи реагираше обезбедувањето.

Messi signing pitch invader’s back who then gets tackled by security from soccer

Меси влезе во игра во 56-тата минута, а во финишот во последните минути постигна два гола.

Првиот му беше со удар по земја во 86-тата минута и можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа следуваше епизодата со навивачот, па Лео постигна уште еден гол, овојпат од слободен удар во 89. минута за конечни 3:0.

Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Првиот погодок за Аргентина го даде играчот на Манчестер сити, Јулијан Алварес во 13-тата минута.

Гаучосите сега имаат серија од 35 меча без пораз и им фалат уште три победи, или ремија за да бидат апсолутни рекордери и да ја сменат Италија на врвот.

Аѕурите се рекордери со низа од 37 меча без пораз од октомври 2018 до истиот месец во 2021 година.

 

- Оглас -

Најнови вести