Меси, Алба и Бускетс беа заедно на вечера во април и уште тогаш се договориле да се преселат во Мајами?!

Серхио Бускетс е блиску до договор со Интер Мајами, а се најавува дека истиот пат ќе го фати и Жорди Алба.

Потписот на Лионел Меси за тимот од Мајами изненади многумина, а ако во розевиот дрес му се придружат и Бускетс и Алба, тоа ќе биде знак дека Лео одамна знаел каде ќе игра.

На 24 април, Меси и сопругата Антонела беа на вечера со Бускетс и Алба и нивните жени. Во Барселона се веруваше дека капитенот и левиот бек му посакале добредојде назад на Меси во Барса.

Но, прво Бускетс објави дека си заминува, па Меси дефинитивно не се врати, Интер го бара и Алба и сега е можно сите тројца сепак да бидат клупски другари, но далеку од Барселона.

Дебито на Меси за Мајами ќе биде на 22 јули против мексиканскиот Круз Азул во Лига купот, во којшто играат екипи од МЛС и мексиканската лига.

- Оглас -

Најнови вести