5.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Меси даде гол, но подели и хет-трик асистенции за пласман на Интер Мајами во полуфиналето (Видео)

Лионел Меси имаше вистинско шоу во победата на Интер Мајами од 4-0 на гостувањето кај Синсинати. Аргентинецот во 19-тата минута со гол го отвори резултатот, а потоа со три асистенции, во 57-мата, 62-рата и во 74-тата минута беше најзаслужен за пласманот на Интер Мајами во полуфиналето од МЛС-лигата.

Ова беше 896-ти гол за Лионел Меси во кариерата, а дојде и до бројка од 404 асистенции, со што стана првиот фудбалер кој ја проби границата од 1.300 голови + асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести