18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Меси даде гол од слободен удар и го „залепи“ противничкиот играч за стативата (Видео)

Лионел Меси изведе уште еден перфектен корнер и ја доведе Барселона до водство на дуелот против Атлетик Билбао. Барселона одлично го почна мечот и постојано напаѓаше, а во 20-тата минута, кога беше досуден слободен удар за домаќините, јасно беше дека е тоа позиција за Меси.

Гостите се обидоа на сите можни начини да се одбранат. Наредија неколку играчи во „живиот ѕид“, а еден фудбалер лежеше да не шутне под нозете на „живиот ѕид“. Еден играч сакаше да се намести и на левата статива, но беше доцна. Меси шутна, пласираше во празниот агол, а играчот кој се обиде со глава да спаси, само настрада удирајќи се во стативата.

Фантастичниот гол на Меси може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести