Меси даде пенал со „Паненка“, а во Англија се посрамоти косовската „десетка“ (Видео)

Лионел Меси покажа како најлесно, а на многу атрактивен начин се изведува пенал и се постигнува гол. Аргентинецот погоди за водство од 1-0 против Олимпик Лион, во мечот кој го решаваше патникот за во четвртфиналето. Додека на „Камп ноу“ сите се восхитуваа на потегот на Меси, речиси во исто време, но во Англија беше досуден пенал на мечот ВБА – Свонси.

Домаќините имаа предност од 1-0, а Свонси имаше можност да израмни. Косовскиот интернационалец Берсант Селина ја презеде одговорноста да го изведе пеналот. Ја намести топката на белата точка, но кога требаше да шутне, едноставно се лизна и топката заврши далеку од голот на домаќините.

До крајот на мечот, ВБА го искористи овој подарок на косовскиот интернационалец, па наместо да биде 1-1 во тој момент, на крајот од средбата домаќините победија со убедливи 3-0.

https://twitter.com/i/status/1105934491355398146

 

- Оглас -

Најнови вести