Лионел Меси доби одмор и не беше дел од екипата на Интер Мајами, која победи со 1-4 на гостувањето кај Хјустон. Сепак, местото на Меси го зазеде Луис Суарес, кој имаше вистинско шоу со три асистенции во првото полувреме и гол за водство од 0-4 во 79-тата минута.
Голот кој го постигна беше токму во стилот на Лионел Меси, откако Суарес одлучи дека сам ќе оди до крајот и ќе ја „дрибла“ противничката одбрана, што на крајот и му успеа.
За Интер Мајами ова беше прва победа во новата сезона во МЛС-лигата откако во првото коло одигра нерешено, 2-2, на домашен терен против Њујорк сити.