Меси е крал на слободните удари во 2018, нашиот Барди е втор (Видео)

Лионел Меси синоќа против Еспањол, за првпат во кариерата постигна два гола од слободен удар на еден ист натпревар, и на Барселона ѝ помогна да победи со 4:0 на гостувањето кај градскиот ривал. Последен фудбалер на Барса кој дал два гола од слободни на еден меч беше Роналдињо во 2007 против Бетис.

Има еден податок кој докажува дека Меси е „крал на слободните удари“. Аргентинецот во последните четири години (од 1 јануари 2014 наваму), во шпанската лига има дадено 19 гола од слободен удар, и тоа е повеќе од било кој клуб во Топ 5 лигите во Европа. Второто место го држи Јувентус со 18 гола во истиот период.

И во оваа календарска година, Меси е убедливо најдобар изведувач на слободни удари, а второто место го држи македонскиот репрезентативец Енис Барди со 4, што е двојно помалку од учинокот на суперѕвездата на Барса. Меси синоќа стана и прв играч во историјата на Примера кој 13 сезони по ред дава двоцифрен број на голови.

ГОЛОВИ ОД СЛОБОДНИ УДАРИ ОД 1 ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА НАВАМУ:

Барселона (19 се на Меси) 24

Јувентус 18 (осум има Дибала)

Лион, Реал Мадрид и Рома по 14

Баерн 13

ГОЛОВИ ОД СЛОБОДНИ УДАРИ ВО 2018 ГОДИНА:

Барселона (Лионел Меси) 8

Лион (три се на Мемфис Депај) 5

Леванте (Енис Барди) 4

 

Погледнете ги головите од синоќа:

https://youtu.be/63_73cMlQzM

- Оглас -

Најнови вести