Меси е подготвен за светски рекорд со Аргентина (Фото)

Лионел Меси може да ја предводи Аргентина до нов светски рекорд, а за тоа на Гаучосите им се потребни уште четири меча без пораз, еден пријателски со Јамајка задутре и три во првата фаза на Мундијалот во Катар против Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Аргентинците го бркаат апсолутниот рекорд на Италија со 37 меча без пораз поставен во периодот октомври 2018 до октомври 2021 година.

Аргентинците во моментов имаат блескава серија од 34 меча без пораз, а низата почна во јули во 2019 година.

https://twitter.com/livescore/status/1574338238134640642?s=20&t=GqffQMs10izSFHPJY73D2w

Сè уште подобри серии од популарните Гаучоси, покрај актуелните рекордери Италијанците, имаат и Шпанија, Бразил и Алжир со по 35 натпревари без пораз.

За да бидат нови светски рекордери, Аргентинците ќе мора за два дена да ја победат Јамајка во пријателски меч, а потоа и да останат непоразени во фазата по групи на Светското првенство во Катар.

Таму ќе играат во Групата Ц, а распоредот е со прв меч на 22 ноември против Саудиска Арабија, на 26 со Мексико и на 30 ноември против Полска.

 

 

- Оглас -

Најнови вести