Меси е пред сите во 2019 во Шпанија

Лионел Меси, капитенот на Барселона, е убедливо најдобриот играч во шпанското првенство за 2019 година. Аргентинецот кој годинава ја доби и Златната топка, а беше прогласен за најдобар фудбалер во светот и во изборот на ФИФА, без дилема, е главен во Шпанија.

Статистиката покажува дека Меси е играчот кој води во сите најважни напаѓачки категории. Лео е лидер по бројот на упатени шутеви кон противничкиот гол (146), по бројот на прецизни удари во рамките на голот (77), како и по бројот на постигнати голови – вкупно 34 во 2019 година во Примера дивисион.

Процентуално пресметано, 52 отсто од шутевите на Меси се во рамките на голот, а над 40 отсто од прецизните удари завршуваат во противничката мрежа.

 

- Оглас -

Најнови вести