Лионел Меси нема да може да игра во следните три недели, објавија од Барселона. Ова ќе биде голем хендикеп за тимот кој доста зависи од игрите и головите на Меси.
На Барса во наредните седум дена и претстојат две важни средби, со Интер во Лигата на шампионите и со Реал Мадрид во шпанската лига. Меси нема да игра ниту на вториот меч со Интер, ниту со Рајо и Бетис во Ла Лига. Тренерот Ернесто Валверде ќе треба да крои тактика како да се спротивстават без својот лидер и прв стрелец.
Меси се повреди во првото полувреме на мечот со Севилја, теренот го напушти со големи болки, но снимките покажале дека има скршеница на коска во десниот лакт. Идејата на Барса е Меси да се врати во втората половина на ноември, за гостувањето кај Атлетико Мадрид на 24 ноември, бидејќи пред тоа има и пауза за настапи на репрезентациите.