Меси ги прогнозираше идните добитници на Златната топка, дали намерно ја изостави ѕвездата на Реал?

Лионел Меси во разговор за „Лекип“ избра четворица фудбалери за кои верува дека во иднина ќе се борат за освојување на наградата за најдобар фудбалер на светот – Златната топка, а го изостави фудбалерот кој за многумина е фаворит да ја освои оваа награда уште годинава.

„Кој би можел да се бори за Златната топка во годините што ни доаѓаат. Мислам дека може да има убаво ривалство меѓу Халанд, Мбапе и Винисиус. Има многу млади фудбалери кои доаѓаат на големата сцена. Смета дека и Ламин Јамал од Барселона е играчпт кој ќе има голема улога ќе се бори за оваа награда во иднина“, изјави Меси.

Аргентинецот кој има рекордни осум Златни топки, не ја исклучува можноста во блиска иднина во битката за оваа награда да се појават и други играчи кои сега не се познати.

„Секогаш се појавуваат нови ѕвезди и убеден сум дека пред над е преубава фудбалка ера во која сите ќе уживаме“, додава Меси.

Интересно е што Меси меѓу фаворитите за Златната топка не го спомена фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам кој сезонава блеска во кралскиот дрес. Белингам кој минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ досега одигра 31 натпреар и постигна 20 гола, а има и девет асистенции и според медиумите е еден од главните фаворити за Златната топка и за оваа година, но и во иднина.

- Оглас -

Најнови вести