Лионел Меси беше најзаслужен за пресвртот кој го направи Интер Мајами во победата над Њујорк на гостински терен со 3:2. Интер губеше со 2:1 кога во 61-вата минута беше досуден слободен удар на околу 30-тина метри од голот на домаќините. Дистанцата беше голема, па домашниот голман реши да стави само двајца фудбалери во „живиот ѕид“.
Ваквото потценување го искористи Меси, кој шутираше директно во голот и погоди за 2:2. Потоа Интер Мајами постигна и трет гол за победа на ова гостување.
За Меси ова беше вкупно 901 гол во кариерата, а дури 71 погодок постигнат директно од корнер. Токму со овој погодок Меси го надмина легендарниот Пеле на вечната листа на фудбалери со најмногу постигнати погодоци директно од слободен удар. Пеле кариерата ја заврши со 70 голови дадени од слободен удар.
Пред Меси сега останува само уште најголемиот виртуоз кога се работи за дадени голови од слободен удар, а тоа е уште еден Бразилец, Жунињо Пернамбукано. Тоа е фудбалерот кој играше во периодот од 1993 до 2013 година, а светска слава стекна додека настапуваше во Олимпик Лион во периодот од 2001 до 2009 година, кога и постигна најголем дел од головите од слободен удар. Жунињо кариерата ја заврши со 77 погодоци дадени директно од слободен удар, што значи дека на Меси му фалат уште шест гола за да се израмни со најдобриот во оваа категорија на сите времиња.
Lionel Messi has overtaken Pelé for the most free-kicks scored 📊🇦🇷 pic.twitter.com/k21M7ygAYd
— OneFootball (@OneFootball) March 22, 2026

