Капитенот на Барселона, Лионел Меси призна дека во тимот му недостасува еден играч како што тоа е Нејмар. Бразилецот си замина од „Камп Ноу“ и за рекорден трансфер од 222 милиони евра стана играч на Пари Сен Жермен. Неколку месеци откако се случи тој трансфер, започнаа шпекулации дека Нејмар повторно сака да се врати во Барселона, но и самиот Меси знае дека тоа е тешко остварливо.
„Мислам дека ќе биде многу тешко да успееме да го вратиме Нејмар во Барселона. Со задоволство би го примиле Нејмар назад во тимот, но не верувам дека некој од Пари Сен Жермен ќе сака да го пушти да си оди од Париз. Јас и Нејмар сме многу добри пријатели, заедно одигравме одлични натпревари, но овојпат ПСЖ е тој кој одлучува“, рече Меси.