Бројот 10 во Барселона повеќе од една деценија го носеше Лионел Меси, но и по неговото заминување нема да остане неупотребен. Клубот одлучи да го проследи бројот до својот бисер Ансу Фати, во кого се гледа идниот лидер на екипата.
За Фати ова е најтешкиот предизвик во кариерата, ќе мора да го оправда бројот кој во минатото го носеле многу големи имиња, пред сè аргентинската икона. Крилниот офанзивец кој има само 18 години неодамна се врати во тренажен процес надминувајќи ја тешката повреда на коленото, па во најскоро време ќе истрча на терените со новиот број кој со сигурност ќе му донесе дополнителна тежина.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1433008489622872071