Лионел Меси со Аргентина направи фешта по повод 50 години од независноста на Ангола. Актуелниот светски првак гостуваше во Ангола, а Меси со гол и асистенција ги предводеше Гаучосите до победа од 2:0.
Погодокот на Меси против Ангола беше прв за аргентинскито виртуоз на африканско тло, а оваа репрезентација стана 39-тата против која осумкратниот освојувач на Златната топка ја има затресено противничката мрежа.
Argentina [2]-0 Angola – L.Messi 81′
byu/DavidRolands insoccer
На листата на земји против кои Меси има погодувано се: Албанија, Алжир, Ангола, Австралија, Боливија, Босна и Херцеговина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Хрватска, Курасао, Еквадор, Естонија, Франција, Германија, Гватемала, Хаити, Хондурас, Хонг Конг, Иран, Јамајка, Мексико, Холандија, Никарагва, Нигерија, Панама, Парагвај, Перу, Португалија, Саудиска Арабија, Србија и Црна Гора, Словенија, Шпанија, Швајцарија, ОАЕ, САД, Уругвај и Венецуела.
Со голот и асистенцијата против Ангола, Меси стигна до 895 погодоци во кариерата и дури 401 асистенција. Тоа значи дека тој директно учествувал во постигнување на 1.296 голови во кариерата и тоа во само 1.134 натпревари што ги има одиграно.
До крајот на 2025 година Меси има само уште клушски обврски со Интер Мајами и токму на некој од следните средби може да го постигне јубилејниот 900 гол во кариерата.

