Меси ја доби петтата Златна копачка

Лионел Меси денеска ја доби Златната копачка за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона. Суперѕвездата на Барселона во шпанскиот шампионат даде 34 гола, што помножено со два носи скор од 68 поени, сосема доволно за да биде прв стрелец во Европа.

Меси по петти пат во кариерата ја освојува наградата, која своевремено ја освои и нашиот Дарко Панчев. Меси беше прв стрелец во Европа и во 2017, 2013, 2012 и 2010.

„Кога ја почнував кариерата, не очекував вакво нешто. Сонот ми беше само да бидам професионален фудбалер и по можност да бидам успешен. Играм во најдобриот тим на светот, играм со соиграчи кои се меѓу најдобрите на светот на своите позиции и тоа ми олеснува“, изјави Меси.

На церемонијата присуствуваа многу значајни личности од светот на фудбалот и раководството на Барселона, како и некои соиграчи на Меси. Наградата за најдобар стрелец во Европа од 1997 година ја доделува задружението на Европски спортски медиуми (ЕСМ), во соработка со „Адидас“, па копачката го има и знакот на овој германски производител на спортска опрема.

- Оглас -

Најнови вести