Меси како „Карате кид“ – Нестварно е колку високо ја крена ногата (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина е во полн ек од Јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Потри одиграни меча, Аргентина има две победи и едно реми Гаучосите одиграа 1:1 на свој терен против Парагвај, а освен двата погодоци, на дуелот имаше и еден посебен момент.

Пред крајот на првото полувреме, Аргентина беше во напад, а топката беше упатена високо кон Меси. Дека и со високи топки нема проблеми, Лео покажа со начинот на кој успеа да ја скроти топката. Во стилот на карате ударите, Меси успеа да ја исконтролира топката, а по направените пресметки, утврдено е дека капитенот на аргентинската репрезентација успеал да ја крене ногата на висина од 183 сантиметри.

Ако се знае дека е висок само 170 сантиметри, тогаш навистина е феноменален одразот и тоа до каде успеа Меси да ја крене ногата.

Следниот меч Аргентина ќе го игра на гости кај Перу, рано наутро на 18 ноември.

https://twitter.com/i/status/1327575989543645184

 

- Оглас -

Најнови вести