Меси како Пандев, сигурен е дека не сака да биде тренер (Видео)

Лионел Меси најави дека во Катар ќе го игра последното Светско првенство во фудбал, што му е и последна шанса да се закити со највредниот пехар што го нема во својата колекција.

Аргентинецот во интервјуто што го водеше Себастијан Вињоло за ЕСПН, меѓу другото, исткна дека знае што не сака по завршувањето на фудбалската кариера, а тоа е да биде тренер.

Неодамна и Горан Пандев при официјалната објава дека ја завршува кариерата истакна дека не сака да биде тренер, туку се гледа во поинаква улога, можеби како спортски директор на некој клуб или фудбалски агент.

Меси се уште не објавил кога комплетно ќе ја заврши кариерата, но се знае дека Мундијалот во Катар што ќе се игра во ноември и декември ќе му биде последен во дресот на Аргентина.

„Знам што не сакам, а тоа е да бидам тренер по завршување на кариерата. Но, никогаш не вели никогаш. И Зидан го рече истото кога се пензионира како фудбалер, па потоа како тренер освои три пехари во Лигата на шампионите“ вели Меси.

Интервјуто на Меси со Вињоло можете да го погледнете подолу во текстот.

 

- Оглас -

Најнови вести