„Радио Кадена Сер“ објави информација дека Лионел Меси ќе игра за Барселона најмногу до 2023 година и потоа ќе се пресели во Мајами.
Аргентинскиот ас купи скап апартман во сончевата Флорида, во луксузниот комплекс на Порше, што чини околу 8 милиони евра.
https://twitter.com/ellarguero/status/1344062389633900546?s=20
Во комплексот што е ексклузивен грото од сопственици на станови и апартмани се Руси и Евреи.
Желба на Меси, како што објавува „Кадена Сер“ е неговите деца да живеат и да се школуваат во Соединетите Американски Држави.
Договорот со Барселона на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му истекува во јуни 2021 година. Најавено е дека е можно да остане уште две години во единствениот клуб за кој играше во професионалната кариера, но можно е и да се пресели во друг клуб.
Планот за до 2023 година не е точно познат, но од „Кадена Сер“, и од многу други медиуми објавуваат дека е сигурна преселбата на Меси во САД од 2023 година натаму, со можен настап за Интер Мајами во МЛС лигата, клуб чиј сопственик е Дејвид Бекам.