Фудбалерите на Валјадолид бурно реагираа во 62-рата минута од мечот против Барселона, а бараа пенал од судијата Латре по играњето со рака на Жорди Алба во шеснаесетникот на домаќините.
Латре се консултираше со судиите во ВАР-собата, а конечната одлука беше да нема пенал за гостите при резултат 0:0.
Спорниот момент на мечот што вечерва се играше на „Камп ноу“ и го доби Барселона со 1:0 можете да го погледнете ОВДЕ.
Мечот почна со свеченост и во фокусот беше Лионел Меси, кој вечерва го одигра 767-миот меч за Барселона, со што го претрка Чави и сега иконата на клубот е фудбалерот со најмногу настапи во клупската историја на шпанскиот гигант.