Меси го мина Чави со најмногу настапи за Барселона, прославата му ја разубави Дембеле со победнички гол во 90-тата минута (Видео)

Лионел Меси вечерва го одигра рекордниот 767-ми меч за Барселона, а прославата му ја разубави Осман Дембеле со победнички гол против Валјадолид во 90-тата минута.

Францускиот интернационалец во последен миг ја круниса апсолутната доминација на Барселона и погоди за победа од 1:0.

https://twitter.com/goalcfs/status/1379174943653572609?s=20

Пред стартот на последниот дуел од 29-тото коло во Ла Лига имаше мала свеченост, а Меси го претрка Чави на вечната листа со најмногу настапи и е рекордер со најмногу натпревари во историјата на Барселона.

Барселона сега се проби на второто место во Ла Лига со 65 бода, еден помалку од лидерот Атлетико Мадрид и два повеќе од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести