-3.2 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Меси-манија во Порторико: Аргентинецот даде гол, па беше соборен од навивачите (Видео)

Интер Мајами во пријателски меч славеше над Индепендиенте дел Вале од Еквадор со 2-1, натпревар кој се одигра во главниот град на Порторико, Бајамон, а во листата со стрелците се запиша и Лионел Меси.

Сепак, најголемо внимание привлече втрчувањето на теренот на неколкумина навивачи, а обезбедувањето очигледно потфрли, па Аргентинецот се најде во прегратка со фановите, но и соборен на земја.

- Оглас -

Најнови вести