Меси: Можам да играм уште многу години

Лионел Меси најави дека ќе игра уште неколку години и дека е подготвен и мотивиран за битка за клупски и репрезентативни трофеи по новото големо признание и шестата Златна топка што ја доби вечерва во организација на „Франс фудбал“.

„Се надевам дека ќе играм уште неколку години на врвно ниво. Сè уште можам да се борам за трофеите во Шпанија со Барселона, во Лигата на шампионите и со Аргентина на Мундијалите и во Копа Америка. Им благодарам на сите и сакам наградата да ја споделам со целиот тим на Барселона, со тренерите и навивачите и секако со аргентинските љубители на фудбалот“, изјави Меси.

За него ова е шеста Златна топка, прва по пауза од четири години.

- Оглас -

Најнови вести