Меси на церемонијата за доделување на Златна топка покрај себе ќе ги има оние коишто беа до него и во мисијата за остварување на животниот сон

Церемонијата за доделување на Златната топка ќе биде вечерва, во Париз, а во центарот на вниманието е Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз е главен фаворит за добивање на најважната индивидуална фудбалска награда во светот, и тоа по рекорден осми пат.

Според најавите, Меси ќе има најмногу освоени бодови и треба да заврши пред Ерлинг Халанд. Сè е подготвено за вечерното шоу во Париз, а организаторот внимателно го има направено и распоредот за седење.

Меси ќе биде во првиот ред, а од двете страни до него ќе бидат неговите соиграчи од репрезентацијата на Аргентина, Хулијан Алварес и Лаутаро Мартинес, кои исто така се дел од листата на номинирани.

Меси заедно со Алварес и Мартинес пред неполна година беа дел од аргентинската репрезентација која ја освои титулата на Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести