18.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Меси наскоро ќе го потпише последниот договор во кариерата, Интер Мајами со вртоглав раст на приходите

Актуелниот договор на Лионел Меси со Интер Мајами е со важност до крајот на оваа календарска година, но „Мајами Хералд“ објавува дека наскоро се очекува да биде објавено продолжувањето на соработката, која треба да биде на повеќе од една година.

Весникот тврди дека тоа ќе биде последниот договор во кариерата на Лионел Меси, чија главна цел е да игра за Аргентина на Светското првенство во САД, Канада и Мексико следната година, турнир на кој Гаучосите ќе го бранат трофејот.

„Мајами Хералд“ се осврнува и на заработката на Аргентинецот, која само од платата изнесува 20,45 милиони долари годишно и е за два и пол пати повисока од вториот најплатен фудбалер во МЛС-лигата.

Сепак, заработката на Лионел Меси во САД само за две години се проценува на 150 милиони долари.

Зголемени приходи има и Интер Мајами. Пред доаѓањето на Меси, приходите на екипата од Мајами се движеле помеѓу 50 и 60 милиони долари, а со доаѓањето на Аргентинецот тие пораснале на 130 милиони долари. Проекцијата за оваа година се дека тие ќе достигнат неверојатни 300 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести