Чемпионс купот на КОНКАКАФ (Лига на шампиони на Северна и Средна Америка) останува црна точка на Лионел Меси, кој има рекордни 47 трофеи во кариерата. Меси има освоено многу пехари со клубовите и репрезентацијата, но никако не успева со Интер Мајами да го освои ова континентално натпреварување.
Веројатно и затоа тој беше многу разочаран што беа елиминирани од Нешвил.
Меси на овој меч го постигна својот 900-ти гол во блескавата кариера, но откако судијата отсвире крај, веднаш замина кон соблекувалната, заборавајќи спортски да им честита на противниците кои отидоа понатаму поради гол на гости, правило кое веќе не важи во поголем дел од светот.
ليو بعد صافرة النهاية 😖
المباراة برعاية: @LOJASTOREGT pic.twitter.com/qWPnWLU1aj
— Messi World (@M10GOAT) March 19, 2026

