Меси: Не сакавме вака да биде, но нема друго, мора главата горе

Најголемата ѕвезда на аргентинскиот фудбал и најплатен фудбалер на денешницата, Лионел Меси, после поразот од Колумбија на стартот на Копа Америкаа, изјави дека нема место за жалење, и очекува сите да ги кренат главите, за да ја извојуваат задолжителната победа над Парагвај во следното коло.

На стадионот „Арена Фонте Нова” во Салвадор „гаучосите” загубија со 0-2. Како најголем виновник е посочен селекторот Лионел Скалони, додека Меси смета дека треба да се заборави ова и да се свртат кон следната средба која е клучна за плсман во четвртфиналето.

„Го напуштивме теренот со горчливо чувство. Во второто полувреме имавме свои шанси, за разлика од орвото во кое бевме попретпазливи и позатворени. Не сакавме да го почнеме турнирот на ваков начин, тоа е јасно, но треба да ги кренеме главите и да продолжиме напред. Кога губиме, на сите ни е тешко. Сега треба да мислиме само на мечот со Парагвај”, – изјави Меси кој имаше една супер панса, но не постигна гол.

Сега Аргентина ќе биде под уште поголем притисок кога ќе игра со Парагвај на 20 јуни. Пораз најверојатно ќе значи крај, а со реми би останале во игра за второто или третото место (во четвртфинале одат и два од трите третопласирани во групите).

Селекторот Скалони смета дека за немоќта на гаучосите придонел и лопиот терен на стадионот во Салвадор.

„Штета што теренот беше ваков и тоа уште на првиот меч. Не сакам да знам каков ќе биде теренот после два или три меча. Играчите заслужуваат да добијат подобри услови. Мислам дека Колумбија е добар тим, на моменти бевме и подобри од нив, но тоа беа кратки периоди“ – рече Скалони.

За Аргентина не е се загубено. Бразил во 2007 и Чиле во 2016 година, ја освоија Копа Америка после пораз во првото коло, а Меси како младинец во 2005 година, освои СП со Аргентина откако беа поразени од САД во првото коло.

- Оглас -

Најнови вести